Елмас немаше среќа да игра полуфинале во Лигата на шампиони

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас немаше среќа да игра во полуфинале на Лига на Шампиони. Неговиот клуб Наполи пред полни трибини на стадионот „Диего Марадона“ одигра само 1:1 со Милан. Со тоа неговиот тим не успеа да ја надомести негативата од 0-1 по првата средба.

Нашиот Елиф Елмас играше во вториот дел од натпреварот и покажа голема пожртвуваност и залагање.

Инаку, фудбалерот на Милан, Оливие Жиру, не погоди од пенал, но успеа да се поправи за промашувањето и тоа во 43-та минута кога на асистенција на Рафаел Леао донесе предност за Милан.

Пенал не погоди и фудбалерот на Наполи – Кварачкелија, но во судиското продолжение успеа да постигне гол преку Виктор Осимен, што веќе беше предоцна.

Претходна вестОбединетите Нации изразија загриженост до САД поради извештаите за шпионирање на Гутереш
Следна вестИзбрани најдобрите идејни решенија за бисти и спомен соба во чест на 12- те Ваташки младинци