Македонскиот борач Ахмад Могамедов освои бронзен медал на Европското првенство во борење во Загреб. Иако сите очекувања беа врзани со имињата на Нуров и Вејсели, сепак бронза од Хрватска донесе Ахмад Магомедов.
Тој извојува победа во борбата за бронзениот медал, во категоријата до 79 килограми слободен стил. Во последната борба, Ахмад го победи Арман Авагјан од Ерменија.