Шпанец бил уапсен на подрачјето на Центар во Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Против него ќе биде поднесена пријава.
– Ноќва во 00.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.В.(23) од Шпанија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.