Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Ѓоргиев освои уште една титула

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев освои уште една титула со АЦХ Волеј Љубљана. Во главниот град на Словенија, Ѓоргиев и неговиот тим во финалната серија со 3:0 славеа победа против Калчит Волеј.

Ова е трет трофеј за Ѓоргиев сезонава откако претходно го освоија Купот на Словенија и МЕВЗА лигата.

Од трибините Ѓоргиев имаше поддршка и од поранешниот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски, но и еден од македонските најверни навивачи популарниот Кипре.

Претходна вестУкраден идентитет на познат кардиолог, измамниците продавале потенцијално опасен „магичен чај“ под негово име
Следна вестНајголемите модни компании во ЕУ под истрага