Вистинско паркинг-дивјаштво се случувало вчера пред скопската Зоолошка градина откако повеќе несовесни граѓани решија своите автомобили да ги паркираат на уреденото зеленило. Ова се случуваше на уредениот паркинг пред Зоолошката градина на кој немаше доволно места за да се паркираат сите граѓани коишто дошле во посета. Па така, наместо да побарат паркинг-места во соседните улички тие се решија да ги остават возила токму на уредената тревна површина.
Ова предизвика и бран на реакции на социјалните мрежи.
Докторот Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил вчера реагираше за ваквата сообраќајна некултура во Скопје и на уништувањето на зеленилото.
-Погрешните се позади решетки, напиша тој во својот коментар.
Реагираа и другите граѓани.
-Ако можат и со колите да влезат во зоолошката најубаво ќе биде… Полиција земање дозвола…..али, за жал, полицијата гледа и не реагира…Пајакот не работи во недела… Големи автомобили, мали мозоци …мизерија, беа коментари на револтираните граѓани.
Дали ваквата грда слика ќе се повтори и за следниот викенд или нешто ќе се преземе, останува да се види.