Наследникот на Манасков во Вардар доаѓа од Металопластика

Македонскиот шампион Вардар за новата натпреварувачка сезона 2023/24 го ангажираше првото засилување.

Станува збор за членот на Металопластика, Марко Срѓановиќ, кој игра на позицијата лево крило.

Актуелниот ракометар на Металопластика во Вардар ќе го има вториот интернационален предизвик во својата кариера.

Србинот освен за матичниот клуб од Шабац настапуваше и за босанскиот суперлигаш Леотар.

Во клубот од Требиње беше на позајмица и таму мина две и пол сезони, потоа се врати во двократниот европски шампион.

Претходна вестИзбрана нова влада на БиХ по осум години
Следна вестПриведен разбојник во Велес, украденото ќе биде вратено на сопственичката