Српски автобус се преврте во Унгарија, 15 повредени

Петнаесет лица, меѓу кои и деца, се повредени во автобуска несреќа со српски патници во Унгарија, која се се случи рано утринава. Сопственикот на фирмата чиј автобус се преврте Ненад Челиќ изјавил дека во автобусот имало 55 патници и двајца возачи и сите биле од Белград и Нови Сад.

Автобус паднал во канал меѓу Кишкунхалаш и Пирт во Унгарија.

Дванаесет лица се префрлени во болница, соопшти полицискиот штаб на областа Бач-Кишкун, пренесе сајтот Police.hu. Останатите патници биле пренесени во Домот на месната заедница во Кишкунхалаш, каде го чекале автобусот за помош кој дошол да ги земе од Србија.

Несреќата се случила околу 3 часот и 30 минути, а туристичкиот автобус бил на пат кон Будимпешта. Патниците кои не се повредени од Брзата помош и полицијата биле пренесени на привремено сместување.

Автобусот, според Челиќј, поминал на технички преглед, бил регистриран пред еден месец и бил целосно исправен.

Според него, камион од спротивната страна преминал на лентата по која сообраќал автобусот и возачот за да го избегне морал да ја зафати банкината од десната страна.

-Тој едноставно ја изгуби контролата и не можеше тоа да го исправи, толку многу што се преврте на спротивната страна, изјави Челиќ.

Најголем дел од патниците, додава тој, го продолжиле патувањето до Будимпешта, каде што пристигнале со друг автобус, а десет патници се вратиле во Србија

Претходна вестДемократски сојуз: Оставки од сите членови на Судскиот совет
Следна вестУтре посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје