Реџепи го напушти кормилото на „Паркови и зeленило“: Здравјето е поважно од секоја функција

Поради здравствени предизвици Зухејр Реџепи, кадар на ДУИ, денес си поднесе оставка од функцијата директор на ЈП Паркови и Зеленило. Реџепи за оставката информираше преку социјалните мрежи.

-И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција. На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа, напиша тој.

Реџепи беше назначен на функцијата лани во септември откако кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери си поднесоа оставки по караницата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која пред еден месец му даде на Реџепи менаџерски договор од 4 години.

Претходна вестИнтер не ја заборава легендата: Пандев доби дрес и овации на „Џузепе Меаца“
Следна вестЈаревски и Груби во клинч: Колку чини градбата на „Бехтел и Енка“ во Србија?