Недановски: Го респектираме Алкалоид, ќе решаваат нијанси

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, Вардар 1961, во полуфиналето за противник ќе го има Алкалоид. Црвено-црните, на тимот кој од клупата го предводи Кирил Лазаров, ќе имаат можност да му се равншираат за неодамнешниот пораз во првенството.

– Секој меч е нова битка, нова приказна, нов предизвик. На крајот од сезоната нема веќе лесни натпревари. Со Алкалоид сезонава се сретнавме четирипати, и тие покажуваат дека напредуваат од меч во меч. Секој ривал го репсектираме, и така е секогаш. Знаеме дека Купот е меч во кој нема поправен. Решаваат нијаси во квалитетот. Пред нас е период на многу важни средби, и целосно сме фокусирани на овој дел од сезоната. Единствено посакувам да бидеме комплетни и здрави, и да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна во Македонија, изјави тренерот на Вардар 1961 Владо Недановски.

Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одигра од 11. до 13.мај во Охрид.

Претходна вестВо Грција ќе бидете казнети 100 евра ако пиете вода додека возите
Следна вестЗемјотрес e почувствуван во Македонија