Кошаркарите на Работнички славеа на вториот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија против Гостивар и израмнија на 1-1 во победи. Избраниците на Димитар Мираковски победија убедливо, со 80:53, пред сѐ поради одличната одбрана. Гостиварци ја погодија првата тројка дури во 20. обид кон кошот на домаќинот.
Работнички разреши се по дваесет минути, убедливо ги доби првите две четвртини и на одмор замина со 22 поени позитива. Потоа се беше само рутина за домашниот состав.
Џелетовиќ со 18 поени беше најефикасен на натпревар, а Митевски кај Гостивар постигна 15 поени.
Сега серијата се сели во Гостивар.