Тажната вистина за песната Ѓурѓовден

Православните верници на 6 мај, го прославаат Ѓурѓовден. На овој ден е настаната и една од најпопуларните песни на Балканот „Ѓурѓовден“ (Đurđevdan).

Познатата песна „Ѓурѓовден“ (Đurđevdan) настанала во „возот на смртта“, што патувал од Сараево до Јасеновац, напишал сега веќе починатиот професорот Жарко Видовиќ, историчар на уметност од Сарајево кој бил во озлогласениот концентрационен логод во 1942 година, пишува српски „Курир“.

Според неговите зборови, на патот кон логорот, заробените во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза поради стравот и неизвесноста.

Во општиот хаос еден од нив, за кого се тврди дека бил члена на сарајевска „Слога“ во сопствениот грч и немоќ, од гордост и пркос ја запеал песната.

Еве како оди приказната: Мај шести во 1942 година– студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од касарната во Јајце и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево.

Колоната била околу три илјади претежно млади луѓе. Меѓу нив и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале „Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”.

Возот на Ѓурѓовден од Сараево отиде во Јасеновац. По патот затворениците во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза на страв и несигурност.

Во општиот хаос еден од нив запеал „Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени“.

Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на преживеаните денес се знае за овој настан.

Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната „Ѓурѓовден“. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.

Претходна вестГоривата поевтинуваат, од ноќеска на полноќ дизелот ќе чини 67 денари за литар
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Груби и Ковачевски го злоупотребуваат механизмот на гласање закони со европско знаменце за да крадат во име на ЕУ