Сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 а дневната од 16 до 26 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе изнесува 8 а максималната дневна до 24 степени.