Фотографии кои шефот на лесковачката Психијатрија, Горан Тојага, ги објави на социјалните мрежи утрово ја обиколија Србија, пишува Нова.рс.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ му нареди на директорот на лесковачката Општа болница да преземе итни мерки поради фотографиите на лекарот и началникот на Одделението за психијатрија.
„Во понеделник ќе имам разговор со докторот. Точно е дека министерката Грујичиќ ми се јави пред неколку часа. Во понеделник ќе одлучиме што да правиме и како понатаму“, изјави директорот на лесковачката Општа болница Небојша Димитријевиќ за белградските медиуми, пренесува Југпрес.
Димитријевиќ наведува дека Тојага е еден од најдобрите специјалисти во Лесковац и многу посветен лекар.
Goran Tojaga, načelnik neuropsihijatrije u Leskovcu.
Istaknuti član SNS-a na lokalu.
Njegov fb profil liči na to kao da je pripadnik specijalnih jedinica. pic.twitter.com/JWWgMXlbri
— Dragan Vidaković Mrki P.S.Gerila (@protivdictature) May 6, 2023