На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкција, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.
Имало 10 мерки за возење без возачка дозвола и осум санкции за непочитување на првенство на минување.
-Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, се наведува во соопштението.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.