Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски (19) напредуваше 44 позиции и со 108 поени е на 415 место на најновата АТП листа. И нашата тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за осум места и сега е на 252. позиција на ВТА-листата.
Ивановски имаше добар настап во Куршумлиска Бања во Србија и тоа му донесе скок од 44 позиции на АТП-листата до негов најдобар пласман во кариерата, односно 415. место.
Ѓорческа, исто така, беше одлична на турнирот во Србија каде што играше финале во кое загуби од Русинката Јулија Андеева со 0-2 во сетови, но и покрај тоа скокна на ВТА-листата за осум места.
На врвот кај тенисерите останува Карлос Алкараз од Шпанија, а Русинот Данил Медведев кој славеше на турнирот во Рим го „турна“ Србинот Новак Ѓоковиќ на третата позиција на оваа листа.