Им понудил 30.000 денари на полицајци за да го ослободат, кривична за млад велешанец

Млад велешанец им понудил на полицајците 30.000 денари да го ослободат. Поради тоа тој заработи кривична пријава.

-Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Д.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“. На 13.05.2023, тој бил лишен од слобода и при движење кон Полициската станица во Велес на полициските службеници им понудил по 30.000 денари да го ослободат.

Претходна вестДвајца мажи силувале 21-годишна девојка со здравствени проблеми
Следна вестМалолетничка од Србија приведена во Македонија