Земјотрес со јачина од 4,9 степени ја погоди денеска јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија. Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли на длабочина од 6,67 километри.
Земјотресот бил почувствуван во поширок регион на југот на Турција, кој беше погоден од разорни земјотреси во февруари.
Гувернерот на Адана, Сулејман Елбан, за Анадолија изјавил дека засега нема информации за последиците од земјотресот и дека надлежните екипи се на терен.