Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата Франциск во текот на аудиенцијата во Ватикан.
Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип, а е донесена е од Света Гора Атонска. Автрот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот е Антим од Пелопонез, најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска од 19 век. Иконата е единствена сочувана од овој иконографски тип. Концепциски и тематски иконата во една целина обединува неколку иконографски теми: Богородица Несвенлива Роза со Хрицтос цар, Лозата Есеева и циклусот на Акатистот на Богородица.
Џафери на папата Франциск му подари и примерок од долгометражниот документарен филм за Блаже Конески „Јанѕа“ од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. А по повод десетгодишнината од неговиот Понтификат му подари уникатен примерок – изработен во техника длаборез, кутија за чување на лични работи.
Инаку, Џафери, кој ја предводи македонската делегација на чествувањето на празникот Свети Кирил и Методиј, на аудиенцијата кај Папата Франциск во Ватикан изрази надеж дека Северна Македонија што поскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ. Тој посочил дека одолговлекувањето на процесот предизвикува евроскептицизам.
-Во однос на членството во ЕУ моментално кај нас се одвива скрининг процесот и ни претстојат уставни измени за кои мора да обезбедиме двотретинско мнозинство. За жал предолгото чекање пред вратите на ЕУ предизвика и слабеење на поддршката на граѓаните за интеграцијата, меѓутоа се разбира нема да се откажеме од постигнувањето на оваа стратешка определба, истакна Џафери.
Говорејќи за соработката меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица, Џафери на средбата со папата Франциск, посочи дека двете држави се нераскинливо поврзани преку историски врски на важните личности од заедничкото минато, кои се темелат на заедничките историски, културни и верски традиции.
-Но постои широк потенцијал за понатамошно унапредување на тоа партнерство, како на билатерален, така и на меѓународен план, особено преку Националната библиотека „Св.Климент Охридски“- Скопје и Ватиканската библиотека, како и меѓу тајниот Архив на Ватикан и Државниот архив на МК, меѓу Институтот за национална историја на Северна Македонија и Ватиканската библиотека и Архив во размената на научно – истражувачки работници, како и преку потпишување на меѓудржавен договор за регулирање на надлежностите во сферата на високото образование меѓу двете држави, по моделот на вакви слични договори што ги има Светата Столица со земји од регионот, рече претседателот на Собранието.
Папата на средбата порача дека треба да има единство во напорите за да се обедини Европа.
По ова, во попладневните часови, делегација предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери ќе присуствува на молебен во Базиликата „Сан Клементе“.