Лада „Нива“ стара 43 години се продава за 265.000 евра. Сопственикот на оваа кола има извозено само 220 километри, а беспрекорно ја одржува веќе 43 години!
Седиштата се уште се покриени со фабричката фолија и со неа се докажуваат сите печати од 1980 година како доказ за оригиналност, сметката, купопродажната документација и оригиналниот алат.За неа бара дури 23.000.000 рубљи, односно 265.000 евра!
За некои тоа е најдоброто теренско возило на светот веќе 46 години, бидејќи за вложените пари тешко дека може да се добие нешто подобро.
Откако беше претставена во 1977 година, „лада Нива“ повеќе од успешно го живее својот живот меѓу врвните теренски возила, а доказ за тоа е бројката од дури 2,5 милиони произведени.