Полициски службеници завчера во Струмица го пронашле исчезнатиот малолетник од Скопје. Детето било предадено на Центарот за социјални работи Скопје.
-На 28.05.2023 во 16.00 часот на ул.„Балканска“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го пронашле Р.И.(17) за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од СОС Детско село од Скопје, соопшти МВР.
Лице било предадено на Центар за социјални работи Скопје.