Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека утре (среда), поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од Дел од ул. „Карбуница“, ул. „Рељо Шестокрило“, дел од ул. „Индира Ганди“, „Виетнамска“ и „Нов Живот“ (општина Шуто Оризари);
– Од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од ул. „Малина Попиванова“ (општина Кисела Вода);
– Од 09:00 до 12:00часот, корисниците од ул. „Димитрија Чуповски“ бр.1 (општина Центар).