На подрачјето на Македонија и денеска, како и во изминативе денови, ќе биде променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 17 до 26 степени.
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме.
Температуратса ќе се движи од утринските 13 па до дневните 25 степени.