Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто

Употребата на лекот Осимертиниб по операција го намалува ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто. По пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот.

– Пред 30 години не можевме да направиме ништо за такви пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, рече Рој Хербст, заменик директор на Центарот за лекување рак на Јеил и главен автор на студијата за ефектите на Осимертиниб, објави Гардијан.

Тој изјави дека бројката од 50 проценти е голема работа, особено во случајот со ракот на белите дробови, кој е многу отпорен на терапии.

Говорејќи на Светската конференција за рак на белите дробови во Чикаго, Хербст рече дека „возбудливите резултати“ додадоа уште поголема тежина на претходните наоди кои покажаа дека лекот може да го намали ризикот од враќање на болеста на половина. Тој посочи дека некои пациенти во Велика Британија, САД и други земји веќе имаат пристап до лекот.

Се додава дека по пет години, 88 отсто од пациентите кои земале дневно апче се уште се живи по отстранувањето на туморот. Ракот на белите дробови е најсмртоносниот рак, годишно убива речиси два милиона луѓе.

Претходна вестЗаедничка литургија МПЦ-ОА и на СПЦ: Патријархот Порфириј одликуван со „Свети Климент Охридски“, архиепископот Стефан доби златен жезол
Следна вестВ среда почнува Офф-фест 2023