Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му

Основното јавно обвинителство Битола спроведе истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава дека силувал девојче на шестгодишна возраст. Како што наведуваат од Обвинителство, тој искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот си играле заедно.

-Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле, се вели во соопштението од ОЈО Битола.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Претходна вестСтојанче Ангелов: Безбедно ли е 14-годишно дете да управува со електричен тротинет?
Следна вестШекеринска: Треба да се разберат оние граѓани што се против уставните измени, се плашат дека по тоа, ќе има нови барања