Инспекцијата утврди неправилности и злоупотреби на клиниката за кардиологија и затоа потпишав решение за разрешување на почитуваниот професор др. Јовев, изјави синоќа министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој во вечерашното гостување на ТВ 24 го коментираше разрешувањето на раководителот на Кардохирургија, професор др. Сашко Јовев.
-Мораме, ако сакаме да имаме силна држава, да имаме силно здравство. Во стручноста на професорот Јовев, не навлегувам, ова е менаџирање на клиниката. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме луксус да си дозволиме такво нешто. Нема да дозволиме такви директори, рече Меџити.
Тој додаде дека инспекцијата утврдила неправилности и злоупотреби на Клиниката за кардиологија и затоа потпишал решение за разрешување на, како што рече, почитуваниот професор др. Јовев, кого како доктор многу го почитува.
-Јас најавив бескомпромисна битка за средување на лошите состојби на клиниките. Инспекцијата утврди неправилности и злоупотреби на клиниката за кардиологија и затоа потпишав решение за разрешување на почитуваниот професор др. Јовев. Јас него како професионалец исклучително го почитувам, но да не ја мешаме профеионалноста како лекар и како директор. Повелете во мојот кабинет утре и ќе в го дадам иизвештајот на државниот инспекторат од ревизијата на кардиологија. Сакам да отфрлам било каква инсуинација дека разрешувањето има политичка позадина. Јас за лоши резултати и злоупотреби го разрешив и директорот на болницата Бардовци, кој е од Алијанса, партијата од која сум и јас, рече министерот за здравство.
Тој одби да открива детали од извештајот велејќи дека не сака никого да оцрнува. но повтори дека ветил бескомпромисност во ставање ред на клиникте.
Разрешениот професор Јовев вчера сугерираше дека е разрешен од каприц и најави негова прес конференција за денеска. Неговото разрешувањетодекна силно во јавноста и беше дочекано како обид за ставање свој партиски човек на оваа позиција, при што имаше најави и за протест.