Владата го назначи Зоран Трифуновски за нов в. д. директор на ЈП „Железници-инфраструктура“

Владата, на денешната редовна седница, го назначи Зоран Трифуновски за нов в.д. директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ – Скопје“.

Трифуновски доаѓа на местото на досегашниот директор Хари Локвенец, кој претходно денеска изјави дека поднел оставка од функцијата. Оставката, како што изјави за МИА, ја поднел од лични причини.

„Владата заклучи да му препорача на Управниот одбор на ЈП за железничка инфраструктура ‘Железници на РСМ – Скопје’, да го разреши Хари Локвенец од должноста директор, на негово барање“, гласи одлуката на Владата што била донесена на денешната редовна седница.

Хари Локвенец беше на директорската позиција на ова јавно претпријатие од ноември 2020 година.

Претходна вестФФМ: Билети за натпреварот Англија – Македонија можат да се купат до 15 јуни
Следна вестПриведена битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин