Претпладне сончево, попладне невреме, грмежи, град…

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 30 степени

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе изнесува 15 додека дневната ќе достигне 30 степени.

Претходна вестУкраина побара од Европа да и обезбеди повеќе електрична енергија
Следна вестСе санираат последиците од невремето во Делчево: Поплавени 60 куќи, пропаднат асфалт, предупредувања да не се пие вода…