Десетина возеле без дозвола, шестмина поминале на црвено…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои и 10 мерки за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

За возење повеќе од дозволената брзина имало 25 санкции и осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за непрописно престројување на возила…, соопшти полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски денес да си даде оставка
Следна вестСДСМ: Прифаќањето на уставни измени од страна ВМРО-ДПМНЕ е основа за продолжување на дијалогот