Ќе штрајкуваат секој ден: Вработените во УЈП нема да работат од 10 до 12 часот

Вработените во Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски од работното место. Доколку надлежните не ги прифатат нивните барања, не се исклучува можноста да стапат и во генерален штрајк.

Тие пред два дена одржаа протест пред Министерството за финансии, од каде што побараа потпишување на колективниот договор за покачување на платите за 30 отсто.

Вработените тврдат дека претходно со Министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој сè уште не е потпишан од министерот Бесими. Тие предупредија дека ќе бидат принудени да почнат генерален штрајк и целосна блоката, ако не се исполни договореното.

-Во содржината на посочениот договор е утврдено зголемување на платите на вработените во Управата за јавни приходи, што е легитимно и основано согласно одредбите на член 66 од Законот за буџети. Во исто време таквата примена на посочениот член ја потврди и Собранието на Република Северна Македонија со давање на свое автентично толкување. Претходно работни групи делегирани од работодавачот и репрезентативната синдикалната организација Солидарност изготвија и заеднички ја прифатија содржината на новиот Колективен договор на ниво на работодавач, се вели во соопштението на вработените.

Од Министерството за финансии рекоа дека Владата се залага за систем за раст на платите во целиот јавен сектор, а поткрепа за ова е континуираниот раст на платите во јавниот и приватниот сектор. Во подговка бил нов Закон за плати на вработените во јавниот сектор и нов Општ колективен договор за јавниот сектор, кој во иднина ќе овозможи континуиран раст на платите.

Претходна вестТри лица искасани од кучиња во Центар, Аеродром и во Шуто Оризари
Следна вестОсмани: На една патека преговараме со ВМРО-ДПМНЕ, на другата со пратениците поединечно