Се обидел да изврши тешка кражба во црква, приведен крадец од Битола

Денеска во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Џ.А.(31) од Битола.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од кривичниот законик.

Исто така, тој бил баран и поради сомнение дека на 14.06 2023 се обидел да изврши „тешка кражба“во црква на ул.„Довлеџик“ во Битола.

Според МВР, лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.

Претходна вестДвајца скопјани истепале малолетник кој претходно на еден од нив му нанел повреди со нож
Следна вестКалин Ивановски го предаде мечот, Македонија загуби од Молдавците