СДСМ: Зошто Мицкоски не лобирал за Резолуцијата во Бундестаг кај сестринските партии?

Партнерските и сестринските партии на ДПМНЕ не ја поддржаа Резолуцијата на германскиот Бундестаг, која дава поддршка на нашиот европски пат, со признавање на македонскиот јазик, идентитет и посебност. Мицкоски и ДПМНЕ им должат одговор на македонските граѓани, зошто не лобирале кај своите сестрински партии за поддршка, зошто не ги презентирале и не ги бранеле позициите на нашата држава или пак правеле нешто спротивно, се вели во соопштението од СДСМ.

Треба да се одговори пред јавноста дали поранешни министри за надворешни работи имале спротивен став од она што беше донесено во Резолуцијата во Бундестагот, додаваат од СДСМ и велат дека „јавноста многу добро знае чија заслуга е Резолуцијата во германскиот Бундестаг и за жал ДПМНЕ освен блокади не направи ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција“.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: ОТА извршила незаконска набавка на средства за следење на комуникациите
Следна вестОгромни штети од поплавите во Србија, евакуирани 200 луѓе