Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои шест санкции за возење без возачка дозвола, четири санкции за користење на мобилен телефон при возење. Изречени се три санкции за не носење на сигурносен појас, четири санкции за прекршоци што го прават возачи на мотоцикли, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.