На Џез оркестарот му се најде место под Националната опера и балет

Национална установа Џез оркестар ќе добие простории во долниот дел на објектот Националната опера и балет, објави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. Нивното кроистење ќе започне од крајот на годината, затоа што следува реновирање на тој простор.

Дотогаш, Џез оркестарот ќе биде сместен во просториите на Филхармонија, заради што од синдикатот на оваа културнаустанова се штрајкува веќе неколку недели пред Министерството за култура или пред Владата.

-Новоформираната национална установа ‘Џез-оркестар’, со одлука на Владата ќе има нова трајна адреса во зграда 1, влез 1 на булевар ‘Гоце Делчев’ број 4, на катастарска парцела број 9505/1, катастарска општина Центар 1, имотен лист 40986. Се работи за дел од вкупниот простор од 1 448 квадратни метри под националната опера и балет, простор од 475 квадратни метри за чие соодветно реновирање имаме и проект и обезбедени средства. Овој простор од 475 квадратни метри е со трајно користење на Министерството за култура. Откако беше заокружен целиот процес, кој заради почитување на законските процедури и рокови неминовно траеше неколку недели, Владата на денешната седница донесе одлука овој простор да и припадне на Националната установа „Џез-оркестар“ и на тој начин најдобро да се искористи и сочува државниот имот, рече Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција.

Според Костадиновска-Стојчевска чесен епилог на сето ова е да има извинувања кон јавноста и публиката од директорката и управниот одбор на Филхармонија кои свесно манипулираа со врвни музичари, но и со авторитети од светот на културата.

-Тие ги убедуваа дека јас и оваа влада сакаме да ја земеме зградата на Филхармонија. Невистините, манипулациите и заканите продолжија и откако на владина седница ја дополнивме одлуката, додаде Костадиновска-Стојчевска.

Претходна вестКовачевски за песимизмот на Црвенковски: Во негово време беше неостварливо да бидеме членка на НАТО и да преговараме со ЕУ
Следна вестСе гради тунел долг 18 километри, најдолг во Европа