На воз кај Демир Капија од струен удар загинало лице на кров од вагон

ЦУК информира дека од Македонски железници известиле дека вчера од 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице (најверојатно емигрант) и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт.

На лице место се излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош.

 

 

Претходна вестСончево со малку облаци
Следна вестАгелер по одлуката на САД за Мерко: Народот заслужува интегритет од своите јавни функционери