Малолетничка вчера почина по сообраќајна незгода со трицикл на ул. „Александар Урдаревски“ во Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
– На 22.06.2023 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка. По несреќата двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала, информираат од МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.