OMO „Илинден“-Пирин: Спречивме македонското малцинство во Брисел да биде преименувано во северномакедонско

Македонците во Бугарија се принудени секој ден да се борат за своите основни права. Атаци врз нив има од сите страни. За одбрана од еден атак тие извеснуваат преку социјалните мрежи.

-Во одговор на писмо упатено на 21 јули 2021 година од Европската слободна алијанса (ЕФА) до Европската комисија, за положбата и правата на македонското малцинство во Бугарија, на 3 ноември 2021 г. беше добиен одговор, во кој македонското малцинство во Бугарија беше преименувано во „северомакедонско“ малцинство и прашањето неосновано беше поставено во врска со договорот за добрососедство на Бугарија со Македонија, иако во случајов станува збор за негирани права на европски граѓани, информираат од ОМО „Илинден“-Пирин, во објава на социјалните мрежи, пренесува Макфакс.

Македонците реагирале веднаш.

-ОМО „Илинден“ – ПИРИН и ЕФА реагираа на овој обид да се преименува македонското малцинство во Бугарија, уште повеќе што и други институции во Брисел покажаа слични тенденции, иако последните не толку отворено. На упатеното писмо со реакција од наша страна – не беше добиен одговор. Затоа ЕФА се обрати до Европскиот омбудсман и побара извинување од Европската комисија во името на ОМО „Илинден“ – ПИРИН.
Последната реакција имаше ефект и на 16 јуни 2023 ггодина, раководителот на Генералниот директорат за владеење на правото, фундаментални права и демократија во Европската комисија, Ингрид Беландер Тодино, упати официјално извинување, при што на двапати правилно – почитувајќи го правото на слобода на национална и етнокултурна самоопределба на етничките Македонци во Бугарија – ја именува нашата заедница како: „Macedonian minority in Bulgaria“, се истакнува во објавата.

Како што велат, ова е веројатно прв пат институција на ЕУ да го прифати и признае очигледниот факт на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, наспроти обидите на Бугарија да го негира нашето постоење.

 

Претходна вестАрхиепископ Стефан повикува на протест: Имаме света должност она што сме го наследиле како посебност и како човечко предание да го оставиме по нас
Следна вестОд 1 јули целосно се забрануваат најлонските ќеси