Талат Џафери не можел да му сугерира на Мерко да даде оставка, тоа било „лична одлука“

Лична работа на Рамиз Мерко е дали ќе поднесе оставка од градоначалничката позиција во Струга откако е ставен на американската „црна листа“, изјави денеска Талат Џафери, претседател на македонското Собрание од редовите на ДУИ. Тој додаде дека „не може да сугерирам кој што треба да прави“.

-Како претседател на Собрание немам причина да имам дилема за извештајот на Стејт департментот. За статусот на Мерко, тоа е лична работа на засегнатото лице. Тој се изјасни дека ги става во мирување сите активности во партијата и повика институциите да ги потврдат или отфрлат наодите, рече Џафери во брифинг со новинарите

Според него, ако се потврдат наодите од Стејт департментот партијата може да го разреши од партиска функција.

-За градоначалничката функција нема потреба јас да коментирам тоа е друга власт, произлегува од граѓаните на директни избори. Јас сум претседсател на Собрание и не можам да сугерирам кој што треба да прави. Тој е избран на избори и одговара пред граѓаните, рече Џафери.

Претходна вестСрбин со „рено“ излетал од автопатот Неготино – Демир Капија, повредени се повеќе лица
Следна вестЛевица: ПОЦ ги дискриминира лицата со попреченост