Масовна тепачка во која учествувале две групи се случила синоќа во скопската населба Карпош 4. Според неофицијалните информации кои се пренесуваат, тепачката се случила откако бил прегазен малолетен пешак кај Трговскиот центар „Антико“.
-Прво дошло до расправија, која потоа прераснала во физичка пресметка со боксови и клоци, пренесува „Макфакс“.
На местото на настанот пристигнале повеќе полициски возила со вклучени сирени, а интервенирале екипи на Итната медицинска помош.
Според неофицијални информации, пешакот е вон животна опасност и во добра состојба.