Левица: Eдинствената реформа на неспособната владејачка гарнитура е бришење на антифашистичкото минато на Македонците

Погубната Концепција за основно образование на Царовска, која беше најавена кон крајот на 2020 година, се реализира со жестоко темпо. Она на што уште од почеток ние како политичка партија предупредувавме беше дека оваа т.н Концепција нема ниту намера, ниту потенцијал да го подобри системот на образование веќе е сė поочигледно, велат од полтичката партија Левица.

– Вистинската намера е перфидно разнебитување на руинираниот образовен систем и што е најлошо бришење на историјата, континуитетот и идентитетот на македонскиот народ.

Веќе се бришат содржините кои се однесуваат на Историјата на македонскиот јазик од електронските изданија на учебниците (пр. од учебникот за седмо одделение), а во шесто одделение се воведува хибридниот предмет Историја и општество, каде во истиот неделен фонд на часови се вметнуваат содржини од Географија и Граѓанско образование.

Односно, во услови кога официјална Софија усвојува Резолуции со кои македонскиот јазик се сведува на дијалект на бугарскиот јазик, пробугарските СДС и ДУИ самоиницијативно го бришат предметот Историја на македонскиот јазик од наставната програма!

Додека внукот на Ахмети купува државен имот за нула денари, одвај полнолетниот син на Заев отвора компании за електрична енергија и додека сопругата на Ковачевски добива државно земјиште за багателни цени – единствената реформа на неспособната владејачка гарнитура е бришење на антифашистичкото минато на македонската нација.

Односно, единствената визија за европска иднина на квинслишката СДС е прифаќање на сите негаторски услови по македонскиот идентитет – од страна на странските и домашните шовинистички елементи, се вели во соопштението на Левица.

Претходна вестМПЦ-ОА со народен собир: Ако има два пола може да има само два рода
Следна вестДемократски сојуз: Бараме една изборна единица и предвремени избори