По поразот вчера од Црна Гора, избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска попладнево загубија од еден од најголемите фаворити за највисок пласман на ова европско натпреварување.
Во најголемиот дел од мечот Данска ги контролираше настаните на теренот, имаше водство и на крајот успеа заслужено да победи.Освен во првите десет минути кога бевме рамноправни, а имавме и водство од 1:0, и така беше се до тие 5:5, потоа противникот се “одлепи“ и едноставно тоа беше тоа.
На полувреме се замина со 13:18. На почетокот се обидовме колку да се приближиме резултатски, дојдовме со 17:20, но сепак брзата Данска одигра како што знае и успеа на крајот да дојде до убедлива победа со 27:39.
Во нашите редови најефикасна беше Младеновска со 7 голови, Стефановска постигна шест, Јовановска имаше 9 одбрани.
Додека кај Данска очекувано најопасната ракометарка Скаљиони, стрелаше во 11 наврати, додека Јохансен постигна 8 голови.
Македонија последниот меч во оваа групна фаза ќе го има во недела и тоа против соодветната селекција на Чешка, меч кој е закажан за во 14:15 часот