Home АКТУЕЛНО Најавениот штрајк не ги запре: Автобусите на ЈСП од утринава сообраќаат по скопските линии

Најавениот штрајк не ги запре: Автобусите на ЈСП од утринава сообраќаат по скопските линии

0
Најавениот штрајк не ги запре: Автобусите на ЈСП од утринава сообраќаат по скопските линии

Автобусиите на ЈСП „Скопје“ од утринава сообраќаат по градските и приградските линии и покрај вчерашните најави дека нема да им јавен превоз поради штрајкот на вработените. Возилата уредно си тргнуваа од постојките согласно на утринскиот распоред, а посебно беше фрекветно на Транспортниот центар од каде тргнуваат приградските линии. Практично, се оствари вчерашната најава од раководството на најголемиот градски автобуски превозник дека нивните возила ќе се појават на линиите за да ги превезуваат граѓаните.

-Сакаме да потенцираме дека причината за штрајк на новоформираниот синдикат, четврти по ред, е нелегитимна бидејќи од 1 јуни зголемена е платата на сите вработени во ЈСП. Апелираме, медиумите и синдикатите да не дозволуваат да бидат инструментализирани од политиканти и политички бандити, соопштија вчера од ЈСП „Скопје“.

Инаку, пред Дирекцијата на ЈСП рано утринава се собраа само 30-тина вработени кои ги истакнаа своите барања. Иако беше најавено дека штрајкот ќе трае до 12 часот, по два ипол часа тие одлучија да се повлечат затоа што сметаат дека вработените треба да работат во интерес на граѓаните, а своите барања ќе продолжат да ги бараат во иднина. Нивните барања се усогласување со минималната плата, платени прекувремените часови и достоинствени работни услови.

Елизабета Тошевска, претставник на Синдикатот Спајс при ЈСП, вчера изјави дека автобусите на ЈСП денеска ќе возат по редуциран возен ред, бидејќи вработените ќе штрајкуваат пред управната зграда на јавното претпријатие од 4:30 часот до 12:30 часот..

Таа потенцира дека вработените ќе штрајкуваат поради, како што рече, неисполнетите барања и игнорантскиот однос на раководството на јавното претпријатие околу барањата содржани во Колективниот договор. Тошевска вели дека овој чекор го преземаат бидејќи, како што рече, нема усогласување на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и дека има кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

-Доколку никој од раководството на ЈСП не ги прими на разговор 200 наши подржувачи  по 12:30 часот ќе си заминат дома и во Скопје пак ќе нема автобуси. Причина за штрајкот е усогласување на минималната плата со Колективниот договор, неисплатата на прекувремени часови за прекувремена работа, неисплата на хранарина на работниците што работат навечер од 22 до 6 часот, дискриминација на помлад возач, луѓе кои се со лиценца и која важи секаде во светот, а тука се помлади возачи со години, изјави вчера Тошевска.