Пожар во архивата во Кумановскиот суд, изгореа ли важни документи?

Пожр ноќеска избувнал во подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово. Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) пожарот избувнал по 1 часот по полноќ.

-ТППЕ Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен Суд Куманово во 01,35 часот . Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сеуште е на терен, соопштува РЦУК.

На вработените им било кажано да не доаѓаат на работа, бидејќи нема услови за работат поради пожарот во судот.

Надлежните сега ќе треба да утврдат што се е изгорено од судската архива. Односно, дали во пожарот се изгубени и важни документи од судската работа. Пожарот го отвора и прашањето за безбедноста на ваквите архиви.

Претходна вестСтаорците заиграа „оро“ низ Дебар маало откако градот беше затрупан во ѓубре
Следна вестВо Македонија лани имало 794 милиони долари странски инвестиции