„Комунална хигиена“: Продолжуваме засилено да го собираме отпадот по градот

Продолжуваме со засилена динамика на подигнување на комуналниот отпад од поставените контејнери и кантите во индивидуалните домаќинства на територијата на градот Скопје, соопшти денеска ЈП „Комунална хигиена“.

Ова градско претпријатие наведува дека во текот на вчерашниот ден нивните екипи, во втората и во третата смена, реализираа засилени активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад во сите скопски општини.

-Континуирано се расчистуваа и повеќе обемни диви депонии лоцирани на улиците „Џон Кенеди“, „Благоја Паровиќ“ и „Методија Митевски“ во општината Чаир, како и на улицата „Прашка“ во општината Карпош, се наведува во информацијата.

Воедно, беа спроведени активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини со коишто беа опфатени и  централното градско подрачје, кејот „13 Ноември“ и Старата скопска чаршија.

Повеќе граѓани деновиве реагираат на насобраното губре покрај контејнерите по населбите и на бавното собирање. Комуналците од синоќа тргнаа во интензивно собирање на отпадот по тридневниот прекин на работата.

Претходна вестБројот на населението во ЕУ повторно расте
Следна вестВо Кавадарци спасено младенче од штрк откако паднало од гнездото