Новак Ѓоковиќ во четири сета го победи Андреј Рубљев за полуфинале на Вимблдон. Србинот цели кон осмиот трофеј во Лондон, а како што рече по пласманот меѓу четирите најдобри, важи за фаворит за освојување на овој турнир.
– Па… не сакам да бидам арогантен, но секако се сметам себеси за фаворит. Судејќи според резултатите што ги имав во кариерата на Вимблдон и претходните четири што ги освоив, а сега стигнав до уште едно полуфинале, тогаш да, се сметам себеси за фаворит, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ има уште два чекори да стаса до одбрана на трофејот на Вимболдон, односно на неофицијалното светско првенство.