Македонски кошаркарски надежи ја победија Ирска, во четвртфиналето играат со Велика Британија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години обезбеди пласман во четвртфиналето на Европското првенство од Б дивизијата во Скопје. Тие вчера ја совлада Република Ирска со 77-66 во завршниот натпревар од групата А.

Следен противник на репрезентацијата ќе биде Велика Британија. Натпреварот ќе се одигра в петок во СРЦ Кале.

Македонските кошаркари рутински ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар и завршија првопласирани во групата А. Најефикасен во македонските редови одново беше центарот Теодор Симиќ со 17 поени.

Пласман во елитната А дивизија ќе обезбедат трите првопласирани репрезентации на Европското првенство во Скопје.

Претходна вестЖител од липковско имал две фалсификувани возачки дозволи, македонска и белгиска
Следна вестСе повеќе граѓани имаат проблеми со дебелината: Отворен Центар за справување и третман со обезноста