Четворица повредени на автопатот Охрид – Кичево

На 12.07.2023 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од с.Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од с.Стрелци, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Претходна вестМотоциклист тешко повреден откако излетал од пат
Следна вестМакедонија ЃП поразена од РФС Рига на првиот меч во Скопје