Огласени за виновни и осудени на затворски казни од по три години и шест месеци се функционерите на ДУИ Исмет Гури и Ејуп Алими на повторното судење за случајот „Титаник 3“. Основниот Кривичен суд им ја изрече ваква казна поради уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година. Повтореното судење се одржиа откако Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда со која беа осудени на истата казна и го врати случајот на почеток. Странките повторно имаат право на жалба до Апелација која овој пат ќе треба да одлучи мериторно.
Двајцата провостепено осудени се единствените поистакнати функционери од ДУИ за кои се дојде до пресуда во случаите што ги отвори Специјално јавно обвинителство (СЈО). Гури во моментов е заменик-управник во УЈП, а Алими државен советник во Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците со кое раководи првиот вицепремиер Артан Груби.
Алими и Гури за „Титаник 3“ добија обвинение во јуни 2017 година за делото уништување на изборен материјал – се товареа дека на локалните избори во 2013 менувале дел од записниците за гласањето во Чаир.