На дечињата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со селотејп, ги повредила, подигнато обвинение против мајката

Обвинение против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 и две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, подигнало Основното јавно обвинителство Скопје.

Јавното обинителство соопшти дека од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца – едното родено 2017, другото 2019 година.

-На децата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со самолеплива лента и ги оставала да седат во таква состојба на стол или на нивните креветчиња додека била во станот. Со помалото дете комуницирала манифестирајќи вербална и физичка агресивност и не покажувала грижа за подобрување на неговата состојба, иако вештачењата извршени по наредба на јавниот обвинител утврдија дека станува збор за социјално и емоционално запуштено дете со психомоторната и психоцоцијалната зрелост под неговата реална возраст, се наведува во информацијата.

На 7 мај, при вршење семејно насилство, обвинетата телесно ги повредила своите деца.

-Додека остварувала видео повик на социјална мрежа со нејзиниот вонбрачен пратнер, видно вознемирена, започнала без никаков повод и причина да ги удира децата по нивните тела, со што им нанела телесни повреди – набиеници и подливи. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинета, соопшти ЈО.

Претходна вестДемократски сојуз: Избори во септември, нов Устав без Бадентер, Влада од сите парламентарни партии…
Следна вестСкопјанец украл електричен тротинет, при претрес му пронашле и пушка