Бајден повторно се сопна додека се качуваше по скалите на авионот

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повторно се сопна додека се качуваше на „ер форс 1“.

80-годишниот Бајден за малку ќе паднеше додека се качуваше по скалите на авионот во Хелсинки, Финска, кога направи погрешен чекор, пишува „Њујорк пост“.

Инцидентот се случи на меѓународниот аеродром „Хелсинки-Вантаан“, од каде што долета до аеродромот во Мериленд по посетата на претседателот на Финска, каде што беше по дводневниот самит на НАТО во Литванија.

 

Минатиот месец американскиот претседател се повреди во Колорадо, каде што се сопна од вреќа со песок за време на церемонијата.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, им изјави на новинарите дека не знаела за донесените одлуки за тоа кои скали Бајден ќе ги користи кога ќе се качува на „ер форс 1“.

Претходните претседатели ги користеа пократките скали само во случај на лошо време.

Лекарот од Белата куќа, Кевин О’Конор, во извештај на пет страници рече дека Бајден има проблеми со одењето поради артритис на ‘рбетот, благ артритис на стапалата по фрактура и блага сензорна периферна невропатија во стапалата.

Најстариот претседател во историјата на САД вчера ја напушти Европа по една недела полна со гафови, во кои исландската премиерка Катрин Јакобсдотир ја нарече ирска ќерка, украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир и ја прескокна воведната вечера на самитот.

Претходна вестНеколку лица се повредени во напад со нож во Холандија
Следна вестСаат-кулата во Битола прогласена за културно наследство од особено значење