За 3.500 евра посредувала за бугарско државјанство, кривична против жена од Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 42-годишната Ј.Ш. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“, извести МВР.

– Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра, соопшти МВР.

Претходна вестОпштина Кисела Вода ги мие контејнерите на своја територија
Следна вестТешко повреден скопјанец, со товарно возило излетал од пат